ТОП 7 МИТОВИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЖИНАТА И ВЕЖБАЊЕТО

In blog by getfit

 

  1. Мит: Вежбање во теретана е само за мажи „Ќе се зголемам премногу – нема да бидам женствена“
  • Вистина: Вежбањето е одличен начин да ги зајакнете вашите мускули, но не е најважно во нивно растење и не е поврзано со пол. Со вежбањето ги зајакнувате и дефинирате мускулите, но дали тие ја променуваат својата големина или не, е клучна исхраната. Мускулите се прават во кујна. За раст на мускулите е потребна пообилна персонализирана исхрана и ако ваша цел е да ги зајакнете вашите мускули, без да се „зголемите“ и вашата исхрана е персонализирана за да одговара на вашите желби и потреби – нема потреба да се грижите, бидејки е невозможно да качите преголема мускулна маса без специфично дизјанирана исхрана која го овозможува тоа. Исто така жените произведуваат помалку тестостерон од мажите – кој е важен хормон при начинот на градење на мускул и затоа мажите природно имаат поголеми мускули од жените. За преразвиено женско тело се потребни долги години со секојдневен труд и цел за да го постигнете тоа.
  1. Мит: Таргетирано намалување на масни наслаги преку вежбање на определена група мускули (англиски: Spot Reduction)
  • Вистина: Кога вежбате определена група на мускули, тоа не значи дека губите масни наслаги од таа област. Многу луѓе веруваат дека ако прават стомачни, ќе ги намалат масните наслаги од стомакот и на тој начин ќе добијат рамен стомак – но тоа не е точно. Кога вежбате, енергијата која се користи од складираните масти е собрана од целото тело, почнувајки од последното место на кое била складирана. Кога вежбате одреден дел од вашето тело, вие ги подобрувате обликот и силата на таа област, но не намалувате масни наслаги **специфично** од тоа место. Вашата цел е да ги намалите масните клетки од целото тело, што го правите со континуирани и правилни тренинзи и диети. Ако вашата цел е да го намалите вашиот абдомен, научно е докажано дека вашата најдобра опција е персонализирана диета.
  1. Мит: Многумина веруваат дека откако ќе престанат да вежбаат, нивните мускули ќе се претворат во масно ткиво, и обратно, дека масното ткиво ќе се претвори во мускул.
  • Вистина: Мускулното ткиво не е исто со масното ткиво. Ова е бидејки катаболизмот на мускулните влакна за употреба на енергија, што во многу ситуации ќе овозможи вишокот на глукоза да се складира како маст. Што се случува таму е атрофирање на мускулите и зголемена количина на масно ткиво, кое делува како мускулот да се претворил во маст. Но научно, тоа се две различни ткива кои не се во состојба да се претворат едно во друго.
  1. Мит: Со вежбање може да се променат „лоши“ мускули
  • Вистина: За жал, не можете да ја промените формата на вашите мускули – таа е генетска. Секој човек има различна градба и со тоа и различни мускули, некои имаат 2 пара стомачни, некои 4, некои имаат непарен број – и тоа е комплетно нормално. За среќа, вие можете да ги намалите вишокот масни наслаги околу мускулите и да ги зајакнете со континуирани тренинзи и персонализирана исхрана и со тоа ќе изгледаат многу подобро.
  1. Мит: Најдобро е да се вежба рано наутро.
  • Вистина: Најдобро е да вежбате кога вие имате континуирано слободно време во определен период од денот. Оптимално е да создадете дневна навика; направете си план кој одговара на вашиот начин на живот и вашите дневни навики; без разлика дали преферирате да се будите рано наутро и да трчате или преферирате да бидете активни во попладневните или вечерните часови – важно е да направите план кој ви го овозможува тоа. Точно е дека вежбањето рано наутро е одлично, но ако вие станувате подоцна и вашиот ден започнува во попладневните часови, не пробувајте да го смените тоа (има поголема шанса да се откажете) најдобро е да се одлучите за план кој можете да го следите – најефективно е да се вежба кога вас ви одговара (во континуиран период од денот). Треба да се создаде навика која одговара на вашиот начин на живот.
  1. Мит: Спортски пијалоци и барови се вашиот најдобар пријател.
  • Вистина: Не верувајте во сé на кое пишува дека е за спортисти. Спортските пијалоци не вашиот најдобар пријател – најчесто се преполни со шеќери. Вашата најдобра опција после тренинг е да внесете протеин – бидејки протеинот го храни и обновува мускулот.
  1. Мит: Треба најмалку 2 недели од физичка неактивност за да изгубите мускулно ткиво.
  • Вистина: Кај најголем број од луѓето, мусклулното ткиво почнува да се разградува за помалку од 1 недела доколку човекот не е физички активен. Доколку престанете да вежбате, ќе почнете да приметувате „омекнување“ на вашите мускули и вашиот изглед за 7 дена од комплетен одмор (од физичка активност). Ако не ги употребувате вашите мускули – тие се губат.