НЕВЕРОЈАТНИТЕ БЕНЕФИЦИИ НА ОВЕСНИТЕ СНЕГУЛКИ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

In blog by getfit

Сите знаеме дека здравата исхрана е најголемиот фактор за намалувањето на тежината како и за одржување на здрав и балансиран животен стил.

Денес ке ги разгледаме неверојатните својства на овесните снегулки како дел од вашата исхрана.

Овесот е богат со калциум, магнезиум, манган, фосфор, растителни влакна, цинк и витамини Б и Е. Истражувањата покажуваат дека овесните снегулки можат да го намалат нивото на шеќер во крвта по оброкот, како и нивото на инсулин како кај здравите луѓе така и кај дијабетичарите.

Разградливите растителни влакна од овесот во желудникот формираат желатинест слој кој го забавува варењето – што е најважно за намалување на шеќерот во крвта и што подолго време остава чувство на ситост. Во едно истражување се покажало дека лицата кои појадуваат овес внесуваат една третина помалку калории за ручек отколку лицата кои појадуваат овес со додатен шеќер. Десетици истражувања покажале дека пет или шест порции овес неделно можат да го намалат ризикот од појава на дијабетес тип 2 и за 39%. Овесот е и одличен извор на манган, минерал кој има значајна улога во метаболизмот на шеќерот во крвта.

Повеќе од 40 студии покажуваат дека овесот штити и од болести на срцето. Еден вид разградливо растително влакно, бета-глуканот, е заслужено за способноста на овесот да го намали холестеролот. Овесот може да го намали ризикот од инфаркт. Тој содржи антиоксиданси кои ја спречуваат оксидацијата на лошиот холестерол, што ја намалува веројатноста дека ќе се залепи на ѕидовите од артериите. Овесот има важна улога и во намалување на крвниот притисок. Во едно истражување било откриено дека со консумиање на овес, крвниот притисок кај лицата кои имаат проблеми се држи под контрола. Според истото истражување, 73% од испитаниците кои 12 недели јаделе овес, успеале да ја редуцираат или елиминираат потребата од лекови за крвен притисок.

Овесот е добар извор на природни фотонутриенти кои го намалуваат ризикот од рак на дојка на тој начин што делуваат како естроген  и го спречуваат тој природен хормон да го поттикне растот на канцерогени клетки. Исто така е и богат извор на полифеноли и сапонини, моќни антиоксиданси кои штитат од многу болести.